Нашата компанија е активен член на македонската асоцијација на транспортери Макам Транс. Дополнително, ги користиме транспортните берзи на утовари и возила TimoCom i CargoAgent, кои претсавуваат професионални веб платформи за делење на корисни информации во областа на транспортот.
Исто така, ние сме бескомпромисни во спроведувањето на строга и постојана контрола на квалитетот на услугите и работењето. Сите вработени се обврзани и одговорни да дадат активен и квалитетен придонес во реализација на политиката на квалитет и заштита на живона средина. Лидерите на нашиот тим постојано се стремат кон остварување на целите поставени од страна на сладните стандарди: Систем за менаџмент на квалитет (ISO 9001:2015), Систем за менаџмент на животна средина (ISO 14001:2015) и Систем за управување со безбедност и здравје при работа (OHSAS 18001:2007).
Лиценци за вршење на внатрешен или меѓународен јавен превоз на стока издадени од Министерство за транспорт и врски на РМ
АДР сертификат за стручна оспособеност на возачи на моторни возила за превоз на опасни материи
АДР сертификат за советник при превоз на опасни материи
Сертификати за безбедност и здравје при работа
Неопходни лекарски уверенија
Соодветни возачки дозволи
Основање на компанијата
Воведување на аутсорсинг услуги, почетоци во извршување на дистибутивни активности во име и за сметка на нашите клиенти, како новитет на локалниот пазар.
Значително зголемување на возниот парк водени од барањата на пазарот.
Склучување на договор со Set Falciani International Forwarding, реномирана италијанска транспортна и шпедитерска компанија со што се поставија темелите на редовна збирна линија од Италија кон Македонија.
Прераснавме во колектив со средна големина со повеќе од 100 постојано вработени лица кои опслужуваат над 1500 задоволни клиенти
Технотранс ДООЕЛ е основана во 2010-та година со идеја на нашите клиенти да им понудиме брз, ефикасен и сигурен транспорт на пратки, во домашни и меѓународни подрачја.
© 2024 All Rights Reserved.