Повеќе време за Вашиот примарен бизнис

Консултантски услуги OUTSOURCING

Во духот на иновативноста и водени од идејата за континуиран фокус кон клиентот, проценивме дека можеме да понудиме консултантски outsourcing услуги, се со цел да ги “ослободиме” од споредните дистрибутивни активности.

Нашите outsourcing услуги ќе обезбеди поцелисходно ангажирање на вработените во компаниите. Од тие причини во 2013 година воведовме новитет на македонскиот пазар – како посебна услуга на нашите клиенти им обезбедуваме извршување на активности поврзани со дистрибутивната фукнција, како што се: манипулација на стока со вилушкар, конбтрола на влез и излез на амбалажа, подготвување на стока (picking), селекција на амбалажа и се поврзано со оваа сфера на дејствување.

Придобивките за клиентите од користење на оваа услуга се многукратни: зголемена ефикасност во работењето, зголемен квалитет и флексибилност во извршувањето на активностите поврзани со дистрибутивната функција, и најважно од се, намалени трошоци во работењето и повеќе време за развој на примарниот бизнис.

Располагаме со врвна опрема и возила, како и професионалци во дистрибутивната дејност, кои им ги отстпуваме на нашите клиенти. Кадарот кој им го нудиме на располагање, клиентите не се обврзани да го вработат и за истото немаат дополнителни трошоци.

Нашите почетоци бележат 3 вработени во овој делокруг на работење, денес нашата услужна дејност во делот на outsourcing-от да брои стотина профеционалци од различни профили, како што се:

  • Возачи на товарни вилушкари
  • Возачи на лесни и тешки товарни возила
  • Работници кои работат на селекција на амбалажа
  • Контролори на влез и излез од фабрика
  • Pikers, односно подготвувачи на стока
  • Магационери и магацински работници
  • Работници на лента
  • Пакувачи на стока
  • Хигиеничари

Поради се поголемиот интерес за оваа услуга бројот на вработени рапидно расте, а за активности од сезонски карактер, односно во период на зголемена потреба од ваков вид на поддршка, можеме да ангажираме дополнителен капацитет на вработени, односно да покриеме работа во три смени.

 

Покрај ангажирање на кадар, исто така овозможуваме аутсорсирање на современи и енергетски ефикасни возила, како што се:

  • Електрични товарни вилушкари со 2 и 4 вилушки
  • Електрични палет џек вилушкари
  • Механички рачни палетари
  • Лесни и тешки товарни возила

Притоа, безбедноста на клиентите, вработените и опремата го завзема највисокото место на листата на нашите приоритети. Од тие причини, посветуваме сериозно внимание на безбедноста и заштита при работа и постојано вложуваме напори максимално да ги исполниме сите безбедносни стандарди. Во таа смисла се грижиме за следниве активности:

  • Сите товарни вилушкари редовно се сервисираат кај овластени надворешни сервисери
  • Сите возачи поседуваат лиценци за управување со вилушкар
  • Сите вработени поседуваат и носат БЗР опрема обезбедена од страна на Технотранс во целокупниот процес на работење
  • Сите вработени подлежат на редовни систематски прегледи

За дополнителна сигурност имаме склучено договор со надворешна компанија за БЗР и со истата остваруваме редовна соработка.

Технотранс стана препознатлив правен субјект при нудење на аутсорсинг услугите. Ова се должи на ефикасноста и конкуретноста која што ја нудиме во секој сегмент на работењето, односно нашите услуги се универзални и можат да се користат во различни делокругови на работење. Она што не издвојува од конкурентите е нашиот сериозен пристап кон работата и клиентите, флексибилноста во потребите на клиентот и навремено исполнување на зададените задачи. На крај, особено сме горди што имаме тим на посветени професионалци, со широк спектар на профили на стручност кои несебично се залагаат за постигнување на уште поголеми деловни успеси на нашите клиенти.

Контакт

Имате прашања? Секогаш сме отворени и достапни за Вас и Вашите прашања.