Ваши сигурни сопатници

Патен Транспорт

Во широката палета на наши услуги спаѓа внатрешен и меѓународен превоз на пратки од и кон сите земји во Европа. Вршиме комплетна логистика на транспорт, како и сите потребни осигурувања на превоз со возила од нашиот возен парк или со возила на наши локални или странски партнери , со потврдена сигурност и временска прецизност.

Директниот копнен превоз го вршиме на целата триторија на Европа, додека за прекуокеански превози нудиме поморски или авионски превоз. Копнениот превоз е она кое начесто го организираме за нашите клиенти.

Покрај комплетниот камионски превоз (FTL), овозможуваме и поединечен (LTL) и збирен транспорт (LCL), во зависност од количината и временската рамка во која треба да се спроведе истиот, се со цел оптимизација на трошоците на нашите клиенти.

 

FTL (Full Truck Load) – Полните камионски утовари се однесуваат на пратки кои го завземаат целиот товарен простор на транспортното средство. Во секој момент можеме да обезбедиме соодветен тип на возило во зависност на Вашите потреби. Предност на овој тип на превоз е најдоброто транзитно време и помалата веројатност за оштетување на пратката.

LTL (Less then Truck Load) – Парцијалниот вид на транспорт на стока  се однесува на поголема количина на пратка, меѓутоа сепак недоволна да го исполни целокупниот товарен простор. Предностите на овој вид на превоз се оптимизација на транзитното време, помала веројатност за оштетување на пратките во однос на збирен начин на превоз

CTL (Collective Truck Load) – Збирниот начин на превоз на пратки можеме да го издвоиме како најповолна опција при транспорт дококју пратката завзема мал дел од товарниот простор. Во тој случај закупувате само дел од утоварниот простор, оноклу колку што Ви е потребно. Целокупниот товарен простор се дели на сите клиенти пропорционално по потребите. Сето ова допринесува за пониска цена на превоз. Исто така со овој вид на превоз увезувате / извезувате онолку колку што е потребно во моментот, со што се избегнуваат трошоците за складирање и создавање на напотребни залихи. Сите овие предности допринесуваат овој вид на транспорт да стане клучен елемент во современиот ланец на снабдување.

 

Превземањето на пратки е овозможено од било кој дел на Европа во рок од 24 часа. По превземање на пратките, истите се складираат во три збирни центри во Италија, Франција и Германија. Збирниот, консолидиран превоз го организираме секојдневно, со неделно поаѓање на камионите од сите три збирни центри.

Експресен превоз – Овој вид на превоз се однесува на пратки кои не надминуваат 1200 кг тежина од и кон било која европска дестинација. Овој вид на превоз го вршиме за 24 часа, со наши возила опремени со најсовремена технологија и удвоена возачка посада доколку истото е потребно. Времето и местото за превземање / испорака се прилагодени на Вашите потреби и се врши на принцип врата до врата. Сето ова допринесува Вашата пратка да пристигне брзо, ефикасно и безбедно на посакуваната дестинација.

Преку нашата широка палета на транспортни услуги во нашето портфолио се вбројуваат преку 1500 клиенти. Одличните резултати во оваа сфера на работење, како и се поголемиот број на партнери, се наш дополнителен мотив понатаму се повеќе да ги развиваме транспортните услуги, меѓународно и локално.

ПАРТНЕРСТВО СО SET FALCIANI – ITALY

Технотранс овозможува комплетен и збирен камионски транспорт со реномирана италијанска транспортна и шпедитерска компанија” Set Felciani ” со што се поставија темелите на редовна збирна линија од Италија кон Македонија  со наши возила.

Со текот на годините, и покрај промените на производите во однос на еволуцијата на пазарот, “ Set Felciani “ ги задржа своите првични карактеристики како меѓународен агент за транспорт и шпедиција, специјализиран за Источна Европа.

Денес, по 50 години активност, “ Set Felciani “ има  драгоцено искуство кое го искористил и го инвестирал целосно во активност за увоз / извоз меѓу Италија и Источна Европа.

Контакт

Имате прашања? Секогаш сме отворени и достапни за Вас и Вашите прашања.